Младите фудбалери на Охрид, генерација 2008, викендов на СРЦ „Билјанини извори“ ги совладаа врсниците од Македонија Ѓорче Петров со 3:0.

Со оваа победа охридските фудбалски надежи го запоседнаа врвот во младинската Супер лигата на Македонија. Генерацијата 2008 на ГФК Охрид на првото место има 19 бода, бод повеќе од Брера Струмица, три од Пелистер, односно пет од скопски Вардар.

До паузата на полусезона, пионерите на ГФК Охрид ќе одиграат уште дбва натпревари, против Њу Старс од Скопје и Пелистер.

Г.М.