Владата на денешната седниц усвои одлука со која се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година.
Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година. Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома. – рече министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Адеми истакна дека уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни, а со новиот сет мерки усвоен од Владата се уредуваат и уписите на високообразовните установи.
OhridNews