Гимназија „Св. Климент Охридски“
Од 05.07.2021 - 20:00 до 05.07.2021 - 23:00
Во понеделник, 5 јули, матурантите од Охрид од генерацијата 2020, која минатата година не славеше организирано поради пандемијата, заедно со генерацијата 2021, на забава под отворено небо во дворот на Гимназијата „Св. Климент Охридски“, официјално ќе го одбележат завршувањето на средното образование.
На забавата, која почнува во 20 часот, ќе настапат Dj Face & Dj Gec.
Влезот е бесплатен, а на забавата се поканети ланските и годинешните матуранти од сите средни училишта во градот, велат иницијаторите на настанот Климент Недески и Александар Илоски.
Настанот е поддржан од Општина Охрид.
OhridNews