Студентот Лудвиг Марисејн од Јужна Африка инспириран од еден свој пријател кој не се туширал редовно, дошол на сјајна идеја која конечно успеал да ја реализира. Како што пренеле медиумите, Лудвиг измислил гел кој нанесен на кожата има исто дејство како сапун и вода.
Употребата на овој гел ги убива бактериите, а на кожата и дава свежина. Едно пакување од овој гел ќе се продава за 50 центи во неразвиените области, додека во развиените делови од земјата ќе се продава по 1,5 долари. Овој изум ќе биде од најголема корист во Африка и останатите делови на светот каде владеат ниски хигиенски стандарди. Изумот, кој добил награда за најдобра студентска иновација, наскоро би можел да биде применет и во војската, хотелите и аеродромите.