Центарот на македонскиот шампион, во лигата одигра 24 натпревари, на кои
имаше просечен учинок од 14,4 поени, 5,7 скока, 1,5 асистенции и 1,2
украдени топки.
Гечевски на одиграните 24 натпревари имал просечен индекс на успешност,
во МВП трката, од 16,79. Капитенот на МЗТ беше најкорисен играч во 20-то
коло кога на натпреварот со Олимпија имаше 37 индексни поени.
МВП титулата, во Јадранската лига во сезоната 2012/2013 ја освои
плејмејкерот на Раднички, Александар Чапин со просечни 21,43 индексни
поени.
Инаку екипата на МЗТ, деби сезоната во АБА лигата ја заврши на седмото место со скор од 14 победи и 12 порази.