Акцијата на Перо Антиќ, Владо Илиевски и Лестер Бо Мекклејб за враќање на Тодор Гечевски за враќање во селекцијата најверојатно ќе вроди со плод. Популарниот „Тоше“ размислува за враќање, но сеуште нема донесе конечна одлука.
– Денот на кој ми се јавија моите пријатели тешко дека некогаш ќе го заборавам. Телефонот не престана да ми звони, имав повеќе од сто повици, и сите до еден беа поврзани со апелот што до мене го упатија кошаркарските репрезентативци. Тешко е човек да остане имун на еден таков гест и да се остане на одлуката за пензија, особено што доаѓа од мои пријатели со кои со години наназад сум делел добро и лошо. Поради тоа се договорив во текот на утрешниот ден да имам состанок со директорот на репрезентација Илија Мерџановски и, најверојатно, со селекторот на кој ќе ја разгледаме ситуацијата и евентуалната можност да се приклучам на репрезентативците кои веќе тренираат. Не можам сега со сигурност да кажам дека сигурно ќе играм, но сега сите опции се отворени“, изјави Гечевски за Мкд.мк.
До почетокот на Евробаскет преостануваат дваесетина дена што би биле доволни за калибар кошаркар како Гечевски за пронаоѓање на вистинската форма.
Мх.П.