Македонскиот интернационалец Тодор Гечески ја предводеше екипата на Задар во победата над Будуќност 92-69, со што хрватскиот тим остана во игра за место на фајнал фор натпреварувањето. Гечевски со 22 поени и девет скока за 30 минути беше најкорисен играч на мечот и беше во идеалната петорка на колото.


Македонските репрезентативни кошаркари беа само статисти во дербито на колото каде Реал Мадрид ја совлада Тау Керамика со 81-79.  Џеремаја Мејси, кој е член на Реал, остана без поени и скокови за скромната минутажа од три и пол минути, а Владо Илиевски од Тау за седум минути не постигна поени, а собра два скока и имаше два неуспешни обида за тројка.

ohridnews