13-то коло во АБА лигата. Ветеранот во победата над Крка, 92:88, оствари
30 индексни поени. Гечевски натпреварот го заврши со 21 поен, 9 скока, 3 асистенции, една украдена и една загубена топка.
Подобар учинок од Гечевски во ова коло имаа Чедомир Витковац (Будуќност)
36 индексни поени и Дру Гордон (Партизан) 33 индексни поени, но нивните
екипи забележаа порази во 13-та рунда во јадранската конкуренција, па
поради тоа признанието оди кај Гечевски.
На натпреварот со Крка, одлична статистика имаа уште Дамјан Стојановски
(27 индексни поени) и Никола Оташевиќ (24 индексни поени).
На листата на најкорисни кошаркари во АБА лигата води Дарко Планиниќ
(Широки) со просек од 21,77 индексни поени, го следат Мартон Бадер
(Солнок) 19,50 и Борис Савовиќ (Црвена ѕвезда) 17,77 индексни поени по
натпревар.