Во петорката на колото се најде и крилниот играч на Цедевита, Предраг Шупут, тој имаше 27 индексни поени.
Според учинокот најдобар во ова коло е Терико Вајт од Раднички, кој во победата над Цибона имаше 49 индексни поени, натпреварот го заврши со 36 поени, 8 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.
Место во петорката на колото има и за Владимир Михаиловиќ од Будуќност и Ерон Бејнс од Олимпија, кои имаа по 28 индексни поени.
Во трката за МВП признанието прв е Мартон Бадер од Солнок со просек од 24 индексни поени по натпревар