Тодор Гечевски, центарот на МЗТ Скопје Аеродрoм, го одбележа третото коло во регионалната АБА лига и ја доби наградата најкорисен кошаркар.
Ветеранот го предводеше МЗТ до победата над Будуќност со 78-71, со 27 поени (10/13 за два, 1/3 за три, 4/4 од линијата за слободни) и 10 скокови, 3 асистенции и 2 блокади. 36-годишниот кошаркар во статистиката имаше 39 индексни поени, според кои е прогласен за МВП на колото.
Капитенмот на МЗТ, на листата најкорисни играчи во АБА лигата се наоѓа на второто место, со просечни 23,33 индексни поени, прв на листата е центарот на Раднички, Муфату Јару со 23,67 индексни поени по натпревар.
„Макфакс“