„Златното момче“ на германската репрезентација од Мундијалот 2014 година во Бразил, Марио Геце одлучи да сврт нов лист во кариерата и да направи неколку промени.
Геце првата промена ја направи во менаџерскиот тим. Фудбалерот на Борусија Дортмунд го раскина договорот со татко си и се приклучи во агенцијата која застапува Реза Фазели.
На татко ми му благодарам за досегашниот ангажман. Дојде време за промени. Се радувам на соработка со Фазели и неговата агенција. – изјави Геце.
Агенцијата ќе има полни раце работа за Геце бидејќи после завршување на оваа сезона тој е слободен фудбалер. Не се исклучува опцијата Геце да остане во Дортмунд, но сериозно се заинтересирани Интер, Рома и Баер Леверкузен.
OhridNews