Пред една недела побаравме одговор од градоначалникот, но сѐ уште не добивме одговор за наплатата на црно на одедени локации по плажите, реагира партијата ГДУ.

Деновиве добиваме пораки од наши загрижени сограѓани за нови такви локации, а една од нив е земјиштето пред хотелот Орце Николов, наспроти хотелот Белведере. Наплатата за паркингот е во висина од 150 денари, па повторно ќе го прашаме градоначалникот кој дал таква дозвола? На кој основ е дадена дозвола? Дали воопшто е дозволено да се наплаќа и да се користи овој простор? – прашуваат од ГДУ.

Не сакаме да претпоставуваме и да носиме заклучоци дека можеби ова служи само за перење на пари,но охриѓани ќе продолжат да бидат најголемите туристи и да ја плаќаат цената, за да може да се испорача тоа што им било ветено на партиските војници, додаваат од ГДУ.

Сигурни сме дека и за ова ќе ги обвини ДПМНЕ и претходните градоначалници, нели тие се за сѐ криви. Но нас не зачудува фактот што прават инспекторите и кој им дава наредба да гледаат „низ прсти“. Дали конечно ќе почне да важи законот или ќе се продолжи со безредието? Во име на ГДУ и од име на нашите сограѓани, му порачуваме на градоначалникот да преземе мерки околу овој проблем и да почне да важи законот исто за сите. – стои, меѓу другото, во соопштението на ГДУ.

OhridNews