Најновите истражувања покажале дека секојдневната конзумација на газирани пијалоци може да го зголеми ризикот од срцев удар и шлог. Само неколку газирани пијалоци дневно можеле да предизвикаат оштетувања на црниот дроб и срцето, но и појава на дијабетис.

Експерите тврдат дека со внесување на газирани пијалоци во организмот се зголемува апетитот што доведува до појава на зголемена телесна тежина. Она што е интересно е тоа што научниците кои ги анализирале безалкохолните пијалоци, кои во себе содржат голема количина вештачки засладувачи, дошле до заклучок дека истите предизвикуваат оштетување на црниот дроб во иста мера како и алкохолизмот.