Очигледно, предупредувањата од страна на стручните лица да не се излегува на сонце во периодот од 11 до 17 часот не важи и за работниците кои работаат за минимални дневници и под екстремно лоши услови.
Истовремено, сопствениците на фирмите кои ги изнајмиле седат во простории во кои преку целиот работен ден е вклучен системот за разладување или пак се на одмор на некоја од плажите.
Фотографиите се направени денес на едно од бројните градилишта во Охрид, точно на пладне.