Машката кошаркарска репрезентација на предолимпискиот турнир не успеа да обезбеди олимписка виза. Непреминлива пречка за избраниците на Лазоски се покажа селекцијата на Доминикана во 1/4 финалето.


– Предолимпискиот турнир во Каракас беше животна шанса за кошаркарите која тешко ќе се повтори во било кој колективен спорт во Македонија. Многу ми е жал и криво што нашите репрезентативци не успеаа да ја обезбедат олмиписката виза. Мислам дека закаснивме со подготовките за едно вакво натпреварување кое е од исклучително значење за спортот во Македонија. Очигледно дека недоволно свативме колку е голем влогот за  исполнувањето на Олимипскиот сон, другите селекции наназад години се припремале на разно разни начини да го остварат тој сон – истакна капитенот на сениорките, Моника Гаврилоска.

Македонската репрезентација не наликуваше на онаа од ЕП во Литванија која предводена од тренерот Докузоски стигна од четвртата позиција.


– Неможам да ја лоцирам вината во никого, кога еден кошаркар ќе излезе на терен тој размислува само на победа и ништо друго. Поразот од Ангола на отварањето на турнирот во Каракас, беше наговестување за тоа што не очекува понатаму. Но уште еднаш се докажа дека во спортот нема лесни противници, сите работат вложуваат во себе и тоа носи резултати. Исто така морам да потенцирам дека не му се даде шанса на сите репрезентативци. Несватливо е еден Кирил Николовски да ги преседи сите натпревари на клупата и да не му се даде ниту една минута – рече Гаврилоска.

По ракометарите, ватерполисите и кошаркарите ја разочараа македонската јавност. Трите селекции имаа шанса да остварат пласман на Олимписките игри во Лондон но лошата игра во квалификациите го срушија олимискиот сон.


– Тоа е балкански синдром, кој во нас сеуште тлее. Погледнете ги успесите Србија и Хрватска од кога го сменија размислувањето дека во спортот ништо не се подарува туку со работа се освојува – заврши Гаврилоска.

Капитенот на Гаврилоска заедно со репрезентавките во Охрид ќе се учествуваат на ЕП за мали земји. Македонија премиерата на ЕП ќе ја има против селекцијата на Гибралтар.

Мх.П.