Фудбалерот на Милан Џенаро Гатузо доби суспензија од четири
натпревари во европските купови, поради удирањето со глава на помошниот
тренер на Тотенхем Џо Џордан, во првиот натпревар од осминафиналето на
Лигата на шампионите.


Дисциплинската комисија на УЕФА ја изрече казната на денешното сослушување, по што Гатузо ќе има три дена за жалба. Дури и да му биде прифатена, нема право на настап на реваншот во Лондон поради два жолти картона.

Ohridnews