Седумкратниот шампион на Европа, Милан не успеа да заврши во ТОП 4 екипите на табелата во Серија А и да обезбеди учество во Лигата на Шампиони. Вината за неуспехот ја презеде Џенаро Гатузо кој си поднесе оставка од позицијата тренер.

  • Заминувањето од Милан не е лесно, но таа одлука која морав да ја донесам. Се одреков од платата која требаше да ја земам следниве две години, бидејќи мојата врска со клубот никогаш не се базирала на парите. – изјави Гатузо.

Час после одлуката на Гатузо да се повлече од Милан италијанските медиуми почнаа со анкети и шпекулирање за новиот тренер на „росонерите“. Како први кандидати се јавуваат Еузебио ди Франческо кој беше тренер на Рома,  Жардел од Монако и Масимилијано Алегри кој ја освои последната титула со Милан во Серија А.

OhridNews