Џенаро Гатузо не добива преголема минутажа во првиот тим на Милан, па затоа реши, покрај фудбалската кариера, да почне и друг бизнис. Така, тој отворил рибарница во гратчето Галарате, каде што живее во изминатите осум години.

На свеченото отворање на објектот се појавија мегаѕвездите на Милан, Роналдињо, Дејвид Бекам, Масимо Амбросини и Кристијан Абијати, а Гатузо изјави дека е горд на својата нова работа.

– Некој ќе се смее, но оваа рибарница за мене е остварување на сонот. Како дете сакав да бидам рибар, но животот ме одведе на друга страна – рече Гатузо. На прашањето што би направил ако во продавницата дојде Жозе Мурињо, одговори: – Како и секој друг гостин, ќе биде добредојден. Веројатно би наздравиле со добар пијалак.

Ohridnews