Составот на Милан финишираше на петтата позиција на табелата во Серија А и не успеа да се пробие во ТОП 4 екипите кои следната сезона ќе бидат дел од Лигата на Шампиони. „Росонерите“ заедно со Рома и Лацио ќе бидат италијански преставници во Лигата на Европа.
„Миланезите“ победувајќи го Спал со 3-2 завршија со обврките, но на победи се радуваа Интер и Аталанта кои им се придружија на Јувентус и Наполи во возот за ЛШ.
- Сакам да му се заблагодарам на тимот. Горд сум што сезоната ја завршивме со 68 бодови, но многу ми е криво што не се квалификувавме во Лигата на Шампиони. Работата на тренерот мора да ја оцени клубот и управата. Ќе разгоарам со челниците и ќе видам што тие мислат за мојата работа. – изјави тренерот на Милан, Џенаро Гатузо.
Пласманот на петтата позиција со скор од 68 поени е најдобар за Милан од 2013 година. „Росонерите“ последен пат во ЛШ играа сезоната 2013/2014.
- Грешевме во текот на сезоната, но верувам дека ова беше позитивна сезона. Најмногу жалам што не го задржавме темпото кое во неколку наврати го наметнавме во текот на сезоната. Поминавме низ многу тешки периоди и не се сложувам дека моите играчи напредуваа, туку дека секогаш имаа излез од кризата. Многу од нив играа под своите способнисти, но во нив има многу квалитет и голем потенцијал. – додаде Гатузо.
Клупската легенда додаде дека секој поминат ден на клупата бил посебен, но оти е ментално распарчен од притисокот кој го имал и сам си го наметнал.
- Чуствував поголем притисок отколку што требаше да имам. Едвај спиев последниве 18 месеци. Ментално сум распарчен и тоа е нешто што морам да го земам во предвид. – заврши Гатузо.
Изјавата на Гатузо, италијанските медиуми ја протолкуваа како најава за заминување. За сега не се спомнуваат имиња како можни наследници на Гатузо.
OhridNews