Екипите на Милан и Лацио на Сан Сиро ќе одлучуваат за патникот во финалето во Купот на Италија, откако првиот дуел на Олимпики заврши без голови и без победник. Двете екипи играа многу претпазливо и со мислите насочени кон својот гол, отколку противничкиот.
- Во однос на квалитетот на натпреварот ние направивме чекор назад, бидејќи одигравме слабо. Но, мора да се знае дека во вакви двомечи се играат два натпревари и првиот секогаш изобилува со многу тактички замисли. Единствено што заслужува пофалба е одбраната која одигра на ниво и средниот ред, а нападот премногу грешеше и користеше долги топки место да се спушти топката на земја. Имаме уште еден меч во кој ќе имаме шанса да ги поправиме грешки и да обезбедиме натпревар за титулата. – изјави Џенаро Гатузо.
„Росонерите“ последниов период заиграа многу подобро. Успеаја да се пробијат во ТОП 4 на табелата во Серија А, а како што Гатузо еден меч ги дели од борба за титулата во Купот на Италија. Минатата година Милан беше дел од финалето и претрпе пораз од Јувентус.
OhridNews