Екипата на Наполи силите во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони ќе ги одмери со Барселона. Каталонците, не се големи но сепак се фаворити во пресметката со „азурите“. Првиот натпревар ќе се одигра на Сан Паоло, додека реваншот на Ноу Камп.
Добра ждрепка, одлична екипа и многу голем предизвик. Ќе бидат тоа два фантастични натпревари, бидејќи ќе имаме можност да се надигруваме и надмудруваме со еден од најквалитетни состави во Лигата на Шампиони. Без страв и калкулакции ќе ѝ се спротиставиме на Барселона. – изјави тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо.
Гатузо немаше добар почеток на тренерската авантура во Наполи, откако на дебито на домашен терен претрпе пораз од Парма 2-1. Сепак, до февруари кога се играат првите осминафинални натпревари има доволно време да ја подготви екипата и да и парира на моќната Барселона која тргнува по трофејот.
OhridNews
Дерби во Мадрид на стартот, дерби во Минхен на крајот од 1/8 финалето во ЛШ