Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин сака да го напушти Милан и да го засили Челси во зимскиот преоден рок, откри предводникот на „росонерите“ Џенаро Гатузо после победата над Сампдорија (2-0) и пласманот во 1/4 финалето во Купот на Италија.
- Имаме многу искрен однос и секогаш ја зборуваме вистината. Кога играч ќе направи одреден избор, многу е тешко да го увериш во спротивното. Во овој момент Игуаин е член на Милан но незнам што ќе се случи до крајот на зимскиот преоден рок. – изјави Гатузо.
Аргентинецот во редовите на Милан се пресели од Јувентус кој во меѓувреме го ангажираа Кристијано Роналдо.
Човек на одлука за „миланезите“ во 1/8-финалниот дуел беше Патрик Кутроне кој погоди два пати во дополнителните 30 минути, откако регуларните деведесет завршија без победник 0-0. Милан во 1/4 финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Наполи – Сасуоло.
OhridNews