Шефот на стручниот штаб на АМАК-СП, Игор Гацов, денеска не ќе може да
го води својот тим против МЗТ ФОН Универзитет во можеби решавачкиот
натпревар за пласман на охридската екипа во полуфиналето на плеј-офот.

Младиот тренер на АМАК-СП заработи суспензија, му ја изрече комесарот за натпреварување.

“Причината”, неговото однесување за време на првиот натпревар одигран во саботата во “Билјанини извори” во Охрид.

“Гацов
е суспендиран на неодредено време. Колку ќе биде тоа, ќе биде познато
откако ќе ја добијам неговата официјална изјава за случувањата на
натпреварот”- вели комесарот Димишковски.”Сигурно е дека нема да може
да ја води екипата на вториот натпревар до четвртфиналето против МЗТ
ФОН Универзитет”.

Многу извесно е дека ова нема да биде и последната каза за “езерџиите”.

Веројатно
е доколку го “поминат” вечерашниот дуел во “Јане Сандански”, наредниот
во серијата да се игра пред празни трибини во Охрид.

извор Македонски Спорт