Во охридските ресторани треба во поголема мера да биде застапена традиционална храна која е карактеристична за регионот- категорични се и гостите и стручните лица од областа на туризмот.

Сеуште многу малку на менијата во рестораните се застапени варивата, гравче- тавчето, сармите, мусаката, односно оние јадења кои се подготвуваат секоојдневно од страна на охридските домаќинќи.


Засега многу малку е направено на овој план, но затоа сугерираме до менаџерите на угостителските објекти повеќе да нудат домашна храна, а помалку пици, шпаѓети, лесковачка скара, бидејќи гостинот во Охрид доаѓа за да вкуси нешто што е идентично токму за градот и околината, вели проф. Д- р Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство.

Од оваа учебна година во рамки на програмата која се изучува на факултетот воведена е дисциплина- Основи на туризмот со гастрономски туризам, токму поради потребата гастрономската понуда да стане неизоставен дел од туристичката понуда на Охрид.

OhridNews