Лето е прериод кога цревните инфекции предизвикани од вирусен гастроентеритис се чести. На ова непријатно заболување особено чувствителни се децата и повозрасните. Цревната инфекција предизвикува губење на многу течности може сериозно да го истошти организмот, а најдобра превентива се добрите хигиенски навики.
Вирусниот гастроентеритис е цревна инфекција пропратена со водена дијареа, стомачни грчеви, гадење и повраќање, а понекогаш и со треска. Најчеста причина за појавa на гастроентеритис е контакт со заболено лице или со внес на контаминирана храна или вода. Во најголем број случаи предизвикувачи на гастроентеритис се вирусите како „Rotavirus“ и „Norovirus“.
Ротавирусот е најчест предизвикувач на вирусниот гастроентеритис, посебно кај децата, кои се инфицираат преку уста внесувајки храна со нечисти раце. Во зависност од причината, симптомите на гастроенетеритисот може да се појават во рок од еден до три дена откако лицето е инфицирано и можат да варираат од благи до тешки.Симптомите најчесто траат само еден ден или два, но понекогаш може да бидат присутни и до десет дена. Бидејќи симптомите се слични, диференцијално дијагностички мора да се помисли и на дијареа предизвикана од бактерии како „Salmonella“, „Е colli“, „Clostridium difficile“, или паразити како „Giardia“.
Инфекцијата е потешка кај доенчиња и мали деца додека возрасните полесно ја пребродуваат. Некои видови школки особено сировите, можат да бидат предизвикувач на вирусниот гастроентеритис. Најчесто подложни на вирусен гастроентеритис се децата особено децата кои одат во градинки на кои имуниот систем не им е зајакнат, стари лица зошто имуниот систем им е заслабнат, лица кои живеат во домови каде можноста за пренос на вирусот е поголема. Главна компликација на вирусниот гастроентеритис е дехидрацијата т.е голема загуба на вода и есенцијални соли и минерали. Малите деца, старите лица и лица со ослабнат имунитет може да станат сериозно дехидрирани кога губат повеќе течности отколку што можат да надохнадат. Кај такви лица хоспитализацијата е нужна за венски да се надохнадат изгубените течности и електролити.
Дијагнозата најчесто се поставува врз основа на симптомите, физичкиот преглед и врз основа на добро земена анамнеза за постоење на слични случаи во заедницата во која живее лицето. Во некои случаи се доставува и примерок од фецесот за микробиолошко испитување за исклучување на бактериска инфекција.
Не постои специфицна терапија за лекување на вирусен гастроентеритис. Антибиотици не помагаат во лекувањето затоа нивната употреба не е оправдана. Најзначајно е да се надохнади течноста која се изгубила преку повраќање и течните столици. Но не е доволно да се надохнади само изгубената течност туку и изгубените минерали и соли. Затоа прва помош при дијареа и повраќање е елетролитниот раствор „O.R.S Alvogen“. Тој нуди најдобро избалансирани електролити и минерали кои за време на дијареа и повраќање се губат. Неговата примена е многу едноставна, се ратвораат две таблети во чаша вода и се пие полека. „O.R.S Alvogen“ се најдобар избор при вирусен гастроентерит, при труење со храна и при дијареа и стомачни проблеми при патување. Она што е многу важно за пациентите е тоа што овој електролитен раствор има пријатен вкус.
Покрај надохнада на електролитната загуба подеднакво важно е да се делува и на дијареата. За таа цел најдобра е употребата на „Entrosal“. Овој иновативен продукт ја таргетира самата дијареа, нема несакани дејства бидејќи не се апсорбира во телото. Искуствата покажуваат намалување на течните столици за 60% за само 12 часа. Неговата употреба е многу едноставна. Овој производ во доза од 250 мг. се употребува за доенчиња и деца така што една кесичка се раствора во чаша вода на секои 6 часа, а за возрасни се препорачуваат капсули од 500 мг. и тоа една до две на секои 4 – 6 часа. Потоа важно е да се престане со внес на цврста храна на неколку часа, а понатаму да се конзумира лесна храна како бисквити, супа, ориз, компир, банана. Во тек на неколку дена да се избегнува конзумирање на производи од животинско потекло како месо и млечни производи.
Најдобар начин на заштита е често и редовно миење на рацете, посебно после користење на тоалет. Употреба на лични – сопствени средства за хигиена, употреба на сопствен прибор за јадење, дезинфекција на цврстите површини во домот, посебно доколку некој од нашата околина заболел од вирусен гастроентерит, избегнување на контакт со заболено лице. И бидејќи е сезона на годишни одмори за лицата кои ќе патуваат неколку корисни совети: користете флаширана вода, избегнувајте непреработена храна или недоволно печено месо или риба и бидете посебно внимателни при користење на јавни тоалети, задолжително миете ги рацете со средство за дезинфекција или користете марамчиња за една употреба.
OhridNews
Темата е дел од второто издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“ и Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски