Италијанскиот калчолигаш Аталанта претрпе минимален пораз (0-1) од Реал Мадрид, во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. Погодокот за победа на „кралевите“ го постигна Ферланд Менди во 86-та минута од натпреварот. Претходно, на почетокот од мечот, истиот фудбалер изнуди црвен картон од Ремо Флеур.
Судијата го уништи натпреварот. Можеби пак ќе изгубевме од Реал Мадрид, но барем да ни дозволеше да играме. Разочарувањето е големо, бидејќи многу долго и со нетрпение се подготвуваме за средбата со Реал Мадрид. Мене и на целата екипа ни пропаднаа сите тактички замисли, бидејќи секој тренер знае што значи да се остане со десет фудбалери во поле. – изјави тренерот на Аталанта, Џан пјеро Гасперини.
Реванш натпреварот во Мадрид на програмата на 16 март, а од Аталанта најавуваат атак на победа и пласман во топ 8.
Едноставно е, затоа што само победа ни одговара. Подготовката ќе биде лесна, бидејќи нема што многу да се тактизира. – додаде Гасперини.
Со одигрувањето на Аталанта – Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити (0-2) се комплетираше првиот круг во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.
OhridNews