Претседателот на италијанскиот фудбалски прволигаш Аталанта, Лука Перкаси, обелодени дека тренерот Џанпјеро Гасперини веќе потпишал нов договор со кој се обврзал на верност кон клубот до 2024 година, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Гасперини имаше важечки договор со Аталанта до крајот на оваа сезона, што ги подгреа шпекулациите за негова можна преселба во Премиер Лигата или некој друг посилен клуб во Серија А.

Договорот со Гасперини го продолживме во вторникот. Тој е во центарот на нашиот проект и останува со нас до 2024 година, со можност да ја продолжиме соработката и во сезоната 2024/25“, изјави Перкаси за италијанските медиуми.

Гасперини од 2016 година седи на клупата на Аталанта, која синоќа ја совлада Венеција со 4:0 и со тоа ја запиша четвртата последователна победа во Серија А.

OhridNews