Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли го сподели своето мислење за новиот болид на Мерцедес по претсезонските тестови во Бахреин.

Бев изненаден што се борев со Луис Хамилтон неколку круга. Интересно е да се собираат информации и чувства од потера на ривалите. Мислам дека е очигледно дека е подобро од лани, па затоа сум доста оптимист и очекувам престигнувања. Јасно е дека треба да направиме многу работа за да ја подобриме брзината и рамнотежата на болидот. Очигледно беше дека и Луис има проблеми. Тие треба да работат напорно за да се борат за лидерство. Ова се само тестови и на нив тимовите добиваат информации како да го извлечат максимумот од болидот, изјави Гасли.

Бахреин ќе биде домаќин на првата трка од сезоната 2022 во Формула 1 од 18 до 20 март.

OhridNews