„Водечките светски банки, на кои во сегашната економско-финансиска криза очајнички им беа потребни парите, посегнаа по парите на мафијата, па поголемиот дел од неверојатните 352 милијарди долари профит од трговијата со дрога во текот на тоа време е вклучен во глобалниот економски систем. Валканите пари на тој начин се испрани,“ тврди лондонскиот дневник.
Иако сево ова звучи неверојатно, продолжува весникот, сето тоа е признато уште минатата година од шефот на агенцијата на Обединетите Нации која се бори против трговијата со дрога и организиран криминал во светот.
Огромен дел од глобалната економија, по некои пресметки дури и една петтина, отпаѓа на организираниот криминал – трговијата со оружје, дрога и луѓе.
извор? „Макфакс“