Тамара Еклестон ја отворила вратата на својата раскошна вила вредна 60 милиони долари и ги покажала собите со дизајнирана облека и обувки. Во таа прилика открила дека некои од нејзините фустани ги купила од чиста досада. Чевлите, чизмите и неколку пара сандали чинеле повеќе од 100 илјади долари. А чевлите, како што рекла Тамара, биле само еден мал дел од нејзината колекција.
Тоа не ја спречувало и понатаму да купува. Иако некои работи никогаш не ги облекла, богатата наследничка тврди дека нема да ги продаде, бидејќи тоа ќе го наследат нејзините ќерки. Таа имала две гардероби од стотина метри квадратни. Во едната држела само „мали црни фустани“ со потписи на Шанел, Диор, Ив Сен Лорен, Валентино и Херви Леџер, како и бунди и тренерки. Вредноста на облеката се проценува на повеќе од 1,5 милиони долари.