Обожавателот на филмови за пирати, Реџ Милер, својата гаража ја преуредил во пиратски брод. Најмногу го инспирирал филмот „Пиратите од Карибите“. Цело време го надградувал својот „брод“. Луѓето му поклонувале многу интересни работи кои ги користел во гаражата. Изјавил дека најмногу и се радувале неговите внуци.


ТАму поминува многу од своето слободно време заедно со сопругата. Исто така има и папагал кој е стар 30 години. Се надева дека ќе успее да собере уште многу интересни додатоци и да ја збогати својата гаража со пиратски детали.