По бурен живот исполнет со криминал и насилства, шефот на една од јапонските мафијашки банди одлучил да се смири и да стане свештеник. Тадамаса Гото изгледа сфатил дека по многу литри пролиена крв и милиони долари заработени од проституција сеуште не го пронашол она што го барал. 66-годишниот шеф на една од злогласните банди Јакуза одлучил да стане будистички свештеник.


Освен со споменатите бизниси се занимавал и со рекетарство, трговија со дрога, а бил познат како исклучително крут човек. Неговите луѓе го претепале реномираниот режисер Јуко Итами бидејќи во својот филм ја оцртал јапонската мафија во негативно светло. Тадамаса минатата година беше исфрлен од најголемиот јакуза клан во светот, поради како што рекле надредените, преголема присутност во медиумите. Неговите луѓе после тоа се поделиле во две фракции.