Романските власти однеле четири лава и две мечки од имотот на еден злогласен романски гангстер кој наводно животните ги користел да им се заканува на своите жртви. Јон Балинт бил уапсен на 22 февруари со уште неколку лица обвинети за обид за убиство, киднапирање, уцена и поседување оружје без дозвола. Тој во 2009 година бил осуден за трговија со луѓе, насилство и организирање проституција.
Органите надлежни за екологија и хуманитарната организација за животни “Vier Pfoten” им дале на животните средство за смирување, ги однеле на носила во кафези и ги пренеле во зоолошката градина. Соседите и роднините на Балинт ги демантирале тврдењата на истражителите кои рекле дека тој лавовите, за чие чување немал дозвола, ги користел за застрашување на своите жртви. Тие рекле дека тој само сакал животни.