Кореанецот Псај со песната „Гангнам Стајл“ постигнал светски рекорд. Спотот бил прегледан 995, 84 милиони пати само пет месеци откако бил поставен на Ју Тјуб. на крајот на ноември, тој спот ја надминал песната „Бејби“ на Џастин Бибер која дотогаш била најгледана нумера во историјата на ју Тјуб.
и покрај текстот на кореански јазик, танцот на Псај и заразната мелодија го маѓепсале светот, пејачите, актерите, спортистите, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, градоначалникот на Лондон Борис Џонсон и американскиот претседател Барак Обама. Песната „Гангнам Стајл“ го исмева начинот на живот на богатите во квартот Гангнам во Сеул.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com