“Првите творби што ги имам како гимназијалец се буквално врзани за Охрид. И сега после неброени години се претставувам тука. Добро е што постојат дела од македонската литература, мала ,голема сееедно, има една мисла која ја кажал некој далеку пред нас дека литературата на малите народи не се врзува за бројност туку за квалитет. Малите народи од европската рамка успеваат да создадат литература која е врзана за идентитетот  со историјата и со стремеж да се вклучи и тој мал народ во една голема традиција. Македонската литерратура успеа да се одборчи пред светот”

Со овие зборови академик Гане Тодоровски ги опиша своите емоции по повод промоцијата на неговата збирка на собрани дела што синоќа се одржа во Охрид.

Збирката е составена од десет тома во кои што се поместени поезија, препеви, есеи и критики напишани од перото на Тодоровски во периодот од неговото шест децениско творештво.

Промоцијата што ја организираат  Општина Охрид и Манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“,   се одржа во големата сала на општината. За литературниот опус на  Тодоровски  говореше д-р Кристина Николоска, а стихови од делата на овој наш истакнат поет и писател   презентираше Славко Нинов.

ohridnews