Наочарите, кожните сандали и џепниот часовник од Махатма Ганди ќе бидат понудени на лицитација во Њу Јорк во март, соопштила аукциската куќа „Antikvorum oksenirs“.
Куќата специјализирана за продажба на часовници проценила дека личните работи од индискиот лидер можат да достигнат цена мопеѓу 20.000 и 30.000 долари.
Во каталогот, во кој не се наведува името на продавачот, за тркалестите наочари кои таткото на индиската независнот ги носи на сите фотографии, пишува дека Ганди ги подарил на некој полковник кој од него стално барал совети.
„Ганди му ги дал своите наочари велејќи дека тие му се неговите очи кои му ја отвориле визијата за слободна Индија“ се наведува во каталогот.
Едноставните кожни сандали, Ганди ги подарил на некој британски офицер, отако овој претходно го фотографирал, додала аукциската куќа.
Џепниот часовник, марка Зенит, кој датира од периодот помеѓу 1910 и 1920 година, Ганди го подарил на неговиота внука Ана Ганди, која била негова асистентка.