Српскиот интернационалец Младен Гамбирожа во вториот дел од првенството ќе го носи дресот на охридскиот прволигаш.

Официјално екипата на Амак СП се договори со искусниот триесетитригодишен центар Гамбирожа (208 см), кој во минатата сезона настапуваше во првенството на Босна за екипата на Славија од Источно Сараево.


решение за центарската позиција – Младен Гамбирожа

Кошаркарското првенство продолжува викендов, дербито на колото се игра во Билјанини Извори каде Амак СП го пречекува бранителот на трофејот Фени Индустри.

Двојки 15 коло
Охрид : Амак СП – Фени Индустри
Св.Николе : Овче Поле – Вардар 2000
Битола : Пелистер – Ф.Работнички
Скопје : Карпош Соколи – Торус
МЗТ ФОН Скопје слободен