Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие ги сподели своите очекувања за вториот дел од сезоната.

Оваа пауза ни овозможи да се ревитализираме, да земеме длабок здив, но и да останеме многу фокусирани, додека го гледавме прекрасното Светско првенство. Секогаш се трудам да ја подобрам ситуацијата и да изнајдам решенија кои не само што би можеле да ги изненадат противниците, туку и да ни овозможат подобро разбирање на одредени натпревари. Секогаш треба да се стремите кон најдоброто, но нема да има сериозни потреси, бидејќи имавме добра прва полусезона. Ми се допаѓа овој тим, се надевам дека ќе го живеам вториот дел од сезоната како и првиот, со голема желба, со голема одлучност, со голема мотивација, но и со големо задоволство, го цитира прес-службата на клубот Галтие.

Пари Сен-Жермен е прв на табелата во француската лига со 41 бод од 15 натпревари.

Во следното коло парижаните ќе играат против Стразбур. Средбата ќе се одржи на 28 декември.

OhridNews