На затворањето на ОИ стотици млади планинари низ целиот свет ќе запалат факели на планински врвови со што симболично ќе продолжат да живеат Олимписките вредности. Охридските планираи тоа ќе го направат на врвот „Магаро“, а олимписки оган ќе има на вкупно десет македоснки врвови.
Тим од членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид и планинарското друштво „Магаро“, од врвот “Магаро” на планината “Галичица”, од 2250 метри надморска висина ќе зрачат светлост со што симболично ќе продолжи да свети спортскиот дух за мир во светот. Светлината ќе може да се види и од Охрид и околината, велат охридските планинари.