Националниот парк “Галичица” ќе стави во употреба уште еден локалитет за пикник и рекреација. Станува збор за локалитетот “Јадера”, кој се наоѓа на два километри од автокампот “Градиште”. Свеченото отворање на пикник локалитетот ќе биде во четврток во 11
часот.

Минатиот викенд, како дел од туристичката промоција на планината Галичица и Охридскиот регион, беа ставени во употреба пикник локалитетот “Корита” и видиковецот  “Коритски рид”.

OhridNews