Од 22 до 29 декември, делегација од холандската невладина организација ИВН ја посетија Јавната научна установа Национален парк „Галичица“ и дискутираа со управата на паркот околу финалниот концепт за проектот за развој на центар за посетители и воопшто за развој на паркот.

Преку серија консултации со експертскиот колегиум на ЈУНПГ, партнерите се договорија да го поднесат проектот во кој општа цел ќе биде развојот на Стратегија за едукација за животната средина и опремување на центарот за посетители на Националниот парк Галичица. Проектот ќе биде спроведуван со партнерство со Јавната Установа Национален парк Маврово, Јавната Установа Национален парк Пелистер, Националниот парк Преспа, Албанија, Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање на Република Македонија, Канцеларија за односи со јавност, Планинарското друштво Магаро од Охрид, Македонија, Природно-научниот Музеј од Скопје, Македонија и Природно-научниот Музеј од Струга, Македонија.

Буџетот на проектот е проценет на 220 000 ЕУР. Спроведувањето би започнало во септември 2009 година и би завршило во септеври 2010 година.

Ohridnews