Жителите на Охрид, туристите и љубителите на природа, од овој викенд ќе може да се рекреираат и на Пикник локалитетот “Корита” и Видиковецот  “Коритски рид”, кои изминатиов период беа уредени за таа намена.  И двата локалитета се наоѓаат во регионот на Националниот парк Галичица, а нивното презентирање е дел од туристичката промоција на истиот.


Според најавите, свеченото отворање на двата локалитета ќе биде во недела, на 25-ти април, во 11 часот.

Надлежните од паркот информираат  дека покрај овие две локации, планирано е  да се уредат и уште неколку други атрактивни места за пикник,  кои ќе ја збогатат  туристичката понуда на  Националниот парк Галичица и на Охридскиот регион.

OhridNews