Планината Галичица е интересна за француските планинари, кои според најавите за две години ќе почнат во поголем број да доаѓаат во Мкедонија. Француските експерти оценуваат дека Македонија има голем потенцијал за развој на планински и културен туризам.

Според нив, доколку се реновираат капацитетите за сместување, и се обезбедат водичи кои ќе го зборуваат францускиот јазик, со соодветна стратегија до 2009 година Македонија  би можеле да се привлече многу француски туристи.

Француските експерти посетиле неколку дестинации во Македонија, меѓу кои и Охрид. Тие сметаат дека планината Галичица може да привлече  многу туристи бидејќи Охрид располага со  одлични  капацитети за сместување.

Екепертите по планински туризам од Франција   нудат помош и искуство на овдешните професионалци со цел во Македонија да се создаде планински туризам.

ohridnews