Туристичкиот потенцијал на Галичица малку е искористен – Антонио Додевски
Според Додевски туристичкиот потенцијал на Галичица многу малку е искористен. „Доаѓаат поединци или групи но сето тоа не е организирано туку на сопствена иницијатива. За жал Галичица туристички не е искористена ни 2 %“, смета Додевски. Тој посочува дека во моментов Галичица не ги задоволува меѓународните стандарди за планински туризам. Под стандарди не мислам на изградба на хотели и жичници, бидејќи тоа на Галичица не и треба, туку и треба партерно уредување и изградба на разни рекреативни патеки, вели Додевски.
потребно е да се изградат повеќе рекретаивни патеки на Галичица
И експертите сметаат дека туристичкиот потенцијал на Националниот парк Галичица речиси воопшто не е искористен. Во обид тоа да се промени, управата на националниот парк неодамна започна со реализација на проект за туристичка афирмација на Галичица. За таа цел паркот потпиша меморандум за соработка со Факултетот за туризам и угостителство ,чии експерти заедно со странски колеги ќе работат на истражување на туристичките потенцијали на националниот парк.
наскоро започнуваат научни истражувања на туристичкиот потенцијал на Галичица
Целта на проектот кој финансиски ќе го подржи германската банка за обнова и развој е заштитеното природно богатство на НП Галичица соодветно да биде искористено за развој на еко туризмот. На тој начин според експертите ќе се збогати туристичката понуда на Охрид која сега се сведува само на плажите и Езерото.