Властите во Хонг Конг соопштиле дека наводно ќе изградат галерија во чест на Брус Ли, кинеско-американскиот актер кој ги вовел боречките вештини и кунг-футо во филмот. Како што пренесуваат медиумите, обожавателите на Брус Ли со години барале да му се оддаде почит на актерот кој умрел во 1973 година на 32 години.


Единствениот споменик посветен на овој актер и режисер бил подигнат во неговиот град во областа Цим Са Чуи. Ли, кој го восхитил светот со своите фантастични борбени сцени и иновативна кореографија на боречки вештини, бил роден во Сан Франциско, но поголемиот дел од младоста го минал во Хонг Конг. Негвите фанови биле разочарани кога во јуни пропаднале плановите за изградба на музеј во неговата стара куќа. Официјалните лица, сепак, соопштиле дека ќе отоврат галерија во чест на актерот.