Поп пејачката Мадона неодамна ја посетила познатата галерија Уфичи во Фиренца, која специјално за неа со часови била затворена за други посетители. Мадона им понудила на раководителите на галеријата непозната сума како на еден ден би ги затвориле вратите на овој музеј за други посетители. Мадона и нејзината придружба минале неколку часа во музејот, пренеле медиумите. Со Мадона биле и нејзиното момче Брахим Забат и синот Роко.
Групата ја разгледала галеријата со стручно водство од Кристина Ачидини, која рекла дека Мадона била многу заинтересирана за делата на Ботичели, но и делата со претстави на пагански митови.