Кошаркарите на Вардар го прекинаа победничкиот низ на охридскиот клуб победувајќи го во дербито во Втората лига со 75-62.
И покрај поразот судбината за пласман во Првата лига е во рацете на „галебите“ кои имаат „три меч топки“, а две од нив ги играат на домашен терен.
Сите дилеми можат да се решат и во 16-та рунда ако Охрид победи против Академија ФМП, а Вардар претрпе пораз на гостувањето во Битола.
Резултати: Шкупи – Ангели 109-112, Академија ФМП – Радовиш 65-67, Тетекс – Пелистер 59-57, Водњански Лисици – Гостивар 55-91, Вардар – АВ Охрид 75-62.
Табела: АВ Охрид 29, Вардар 27, Гостивар 25, В. Лисици 23, Пелистер 23, Ангели 21, Шкупи 20, Тетекс 20, Академија ФМП 19, Радовиш 18.
Вардар ја одложи шампионската промоција на Охрид
OhridNews