Охридските кошаркари в сабота со почеток во 15 часот против битолски Пелистер во Кавадарци ги започнуваат мечевите за живот во кошаркарската елита во Македонија.


„Зелено белите“ поради реновирањето паркетот во спортската сала „Младост“ во Битола овој меч како домаќин ќе го одиграат во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Пелистер и АВ Охрид со ист број на бодови ги започнуваат натпреварите во плејаутот и секој бод е искучително важен во вакви мечеви.

Во преостанатиот натпревар од плејаутот силите ќе ги одмерат Струмица и Вардар исто в сабота, но со почеток во 18 часот.

Двојки: Пелистер – АВ Охрид, Струмица – Вардар.

Табела: Струмица 18, АВ Охрид 18, Пелистер 18, Вардар 14.

OhridNews