Охридските кошаркари во дербито со Вардар покажаа квалитет и пред се карактер издржувајќи го притисокот во моментите кога имаа негатива и на крајот се радуваа на победата (83-75).
Со овој триумф „галебите“ го продолжија стопроцетниот ефект и го задржаа лидерското место во Втората Лига.
– Најпрво од се сакам да им се заблагодарам на публиката која ни даде ветар во грб во моментите кога се кршеше резултатот. Во овој меч можеше да се забележи нашиот квалитет и искуството кое го поседуваме. Во пресрет на дербито нашиот противник Вардар се засили со двајца прволигашки играчи кои веднаш го подигнаа квалитетот на игра што се осети на теренот. Сакам да им честитам на моите играчи кои одиграа смело и храбро и сосема заслужено ги добија аплаузите по завршувањето на мечот. – рече охридскиот стратег Петар Чочороски.
Гостите од Скопје едно полувреме дрско му се спротиставија на лидерот во првенството, но по крајот на мечот му подадоа рака на подобриот. – Подолгиот ростер и искуството пресуди на овој натпревар кој ние го одигравме многу добро. Нашиот состав е млад и само со двајца искусни играчи едноставно не можеше да им се парира на домаќинот.
Резултати : Ангели – Шкупи 87-76, Радовиш – Академија ФМП 77-74, Пелистер – Тетекс 81-71, Гостивар – Водњански Лисици 75-68, Охрид – Вардар 83-75.
Табела : Охрид 12 бодови, Пелистер 11, Вардар 10, Гостивар 10, Водњански Л. 9, Тетекс 8, Академија ФМП 8, Ангели 8, Шкупи 7, Радовиш 7.
Охрид се „испоти“ за победа против Вардар
Мх.П.