Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во недела во 19 часот во Струмица против истоимената екипа ќе ги започне натпреварите во Првата кошаркарска лига во нашата земја.

„Галебите“ втора сезона по ред ќе бидат дел од кошаркарската елита. Годинава за разлика од минатата сезона целите се повисоки од опстанок и охриѓани не сакаат да играат споредна улога во Првата лига.

– Одиме да се надигруваме без разлика за кој противник се работи. Имаме квалитет и добра атмосфера во тимот и ќе треба сето тоа да го пресликаме на теренот против Струмица и останатите наши ривали оваа сезона. Се подготвуваме во Охрид и странство и акумулиравме доста енергија за сезона која започнува, бидејќи ќе играме и во регионалната АБА втора лига. – изјави Петар Чочороски.

Минатата сезона Струмица имаше позитивен скор со охридските кошаркари во регуларниот дел од лигата и плејаутот, но годинава „галебите“ посакуваат расчистување на сметките.

Двојки 1.коло: Куманово – Работнички, Струмица – АВ Охрид, Кожув – Блокотехна, Пелистер – Шкупи, Фени Индустри – Гостивар, МЗТ Скопје – Карпош Соколи.

OhridNews